Продолжува бајката на Бугаринот Димитров на мастерсот во Мајами – ќе игра за трофејот!

Григор Димитров продолжува да блеска на мастерсот во Мајами, откако по победата над Карлос Алкараз ноќеска го совлада и Александар Зверев (6-4, 6-7, 6-4) за пласман во финалето на овој турнир.

Бугарскиот тенисер со оваа серија добри резултати првпат по 2018 година ќе се врати меѓу десетте најдобри во светот, а во пресметката за трофејот на Флорида ќе ги одмери силите против Јаник Синер, кој, пак, неочекувано лесно го растури Данил Медведев (6-1, 6-2). Димитров беше емотивен по триумфот и покажа колку му значи овој успех.

„Што и да кажам, не е доволно. Сега сум на поинаков пат во мојот живот и кариера. Продолжив да верувам и да напредувам. Продолжив да верувам во себе. Кога не верував доволно во себе, целиот тим околу мене постојано ме туркаше во вистинската насока. Имав многу добра дисциплина. Моето семејство беше со мене. Сите блиски пријатели. Ова е само шлаг на тортата“, изјави Димитров.

Бугаринот во кариерата има една мастерс-титула во кариерата, откако победи во Синсинати во 2017 година.