Прекрасен момент во Шангај: Ѓоковиќ го учи Чориќ да зборува кинески (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ можеби го победи младиот Борна Чориќ во финалето на Шангај, но секогаш е тука кога на помладиот противник му е потребна помош. 

Србинот веќе знае да состави неколку реченици на кинески и секој пат ги воодушевува неговите фанови во оваа земја, а Чориќ денеска при својот говор по поразот во финалето се извини што не знае ништо на кинески јазик.

Сепак тука беше Ѓоковиќ да му помогне на младиот Хрват.