Пред една година зборуваше дека Ѓоковиќ е добар амбасадор, а сега му ја укина визата!

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се забележи како министерот за миграција на Австралија, Алекс Хок кажува пофални зборови за Новак Ѓоковиќ, иако вчера му ја укина визата.

Станува збор за снимка од 2021 година, кога Хок го пофали Ѓоковиќ за неговиот придонес во Австралија.

„Се сложувам со вас дека цел српски пат не е само Новак Ѓоковиќ. Иако тој е успешен дел од тоа и секако добар амбасадор во Австралија, но навистина кога ќе размислите, оваа година беше една од најтешките кои ги имавме“, вели Хок на видеото.

Навивачите се прашуваат што се смени во ставот на Хок, кој до пред една година зборуваше за Ѓоковиќ дека е добар амбасадор, а сега се однесуваат кон него како најголем непријател.