Пред две години се повлече од тенисот поради големите гради, а сега е една од најдобрите!

Американската тенисерка Аманда Анисимова зад себе има одлична сезона, па поради тоа скокна до четвртата позиција на најновата ВТА-листа.

Пред неколку месеци испиша историја, а потоа играше финале на Вимблдон, но и на Ју-Ес Опен, каде што загуби од Арина Сабаленка.

Досега нејзиниот најдобар пласман беше седмото место на ранг-листата, но овој пат се надмина и дополнително напредуваше на ВТА-листата.

Интересно е тоа што Анисимова во 2023 година го напушти тенисот и паузираше осум месеци поради големите гради, меѓутоа успеа да ги реши проблемите и да му се врати на спортот, по што следеше голем напредок.