Објавена срамна карикатура од Ѓоковиќ како - гори во контејнер! (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ минува низ вистинска драма во Австралија затоа што по вторпат му беше укината визата, и тоа овој пат од министерот Алекс Хок.

Хок решил да го заштити здравјето на јавноста во Австралија, па поради тоа ја укинал визата, а адвокатите на тенисерот се жалат на одлуката и бараат пресуда во корист на Србинот.

Во меѓувреме во медиумот „Д Еџ“ се појави една срамна карикатура од Ѓоковиќ, кој гори во контејнер и така ги налути неговите поддржувачи.