Ноле се опоравува во српско село и собира компири (ФОТО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ мораше да го заврши Ју-Ес Опен предвреме, па сега се рехабилитира во српско село Брзече, кое се наоѓа во близина на Косово.

Ѓоковиќ поминал дел од детството во српското село, па се потсети на убави спомени, а притоа помогна во акцијата за собирање компири.

„Благодарен сум на искуството кое го доживеав во Брзече. Луѓето од овој крај се многу пријатни, но во исто време и многу вредни, а секој од нив има автентична и интересна приказна. Срцето ми е полно што оживеав голем број спомени од детството. Се сретнав со многу луѓе, кои беа дел од моето детство и кои ми помогнаа да го остварам мојот сон, како професионален тенисер. Навистина сум полн со емоции. Притоа, добив и по некој компир за трудот“, напиша Ѓоковиќ.