Ноле му „грмна“ на Мареј: Веќе да не си ми се обратил! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ загубија во второто коло на Шангај од Џејми Мареј и Нил Скупски со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 2-6.

Сепак, во шестиот гем се случи недоразбирање меѓу најдобриот тенисер во светот и Бринаецот, па Ѓоковиќ му порача повеќе да не му се обраќа.