Најбогатата Србинка заедно со Јелена го бодреше Ѓоковиќ во Њујорк!

Србинот Новак Ѓоковиќ на импресивен начин дојде трофејот на последниот годинешен гренслем-турнир „Ју-Ес Опен“ и додека светската јавност прогнозира кога ќе се врати на врвот на АТП-листата, медиумите во Србија се занимаваат со многу побанална работа.

Во нивниот фокус е најбогатата Србинка во моментов, Убавка Митиќ која е позната и како Ребека Мекдоналд, чие богатство е проценето на две милијарди долари и која беше во ложата на Новак на финалниот дуел против Хуан-Мартин дел Потро.

Таа бучно навиваше за популарниот Ноле заедно со неговата сопруга Јелена, со што јавно покажа дека е негов голем фан. Дилемата на српските новинари е дали ова е само спортско пријателство или почеток на нова бизнис авантура на Ѓоковиќ.

Мекдоналд живее во Канада во последните три децении и се занимава со трговија со гас.