Надал триумфираше во трилерот од речиси пет часа за 19-та грен слем титула

Рафаел Надал го освои Ју-Ес Опен откако во големото финале утринава го победи Данил Медведев во одличен меч во пет сета. 

Шпанецот до својот четврти трофеј во Њујорк, а вкупно 19-ти грен слем, стигна во фантастичен трилер меч против петтиот носител од Русија. Надал имаше водство од 2-0 во сетови, 7-5 и 6-3, а имаше и брејк предност во третиот сет, но Русинот на неверојатен начин успеа да се врати и да израмни на 2-2 во сетови со 5-7 и 4-6. Решавачкиот сет го доби Надал со 6-4 и успеа да дојде на еден еден грен слем трофеј до Роџер Федерер.

Финалето траеше четири часа и 50 минути, само четири минути помалку од најдолгиот меч во историјата на Ју-Ес Опен.

„Ова беше една од најемотивните ноќи во мојата кариера. Ова беше неверојатно финале. Навистина луд меч“, рече Надал по триумфот.