Надал против Димитров во полуфиналето во Акапулко

Рафаел Надал продолжува да ги гази ривалите во Акапулко, па утринава го совлада Кореецот Сунву Квон со 6-2 и 6-1 и се пласираше во полуфиналето. 

Шпанецот неделава на турнирот во Мексико вкупно има загубено само 15 гемови и е на добар пат по трет пат да го освои пехарот. Претходно славеше во 2005 и 2013 година. Негов ривал во полуфиналето ќе биде Григор Димитров, кој воедно ќе биде и најголем тест на турнирот.

Бугаринот пак денеска беше подобар од третиот носител Стен Вавринка со 6-4 и 6-4. Димитров конечно ја прекина серијата од пет порази по ред од Швајцарецот во меѓусебните дуели. 

Американецот Џон Изнер во три сета со 7-6, 3-6 и 6-2 беше подобар од Томи Пол, а во полуфиналето ќе игра со сонародникот Тејлор Фриц, кој пак со 6-4 и 6-3 го совлада Кајл Едмунд.