Надал пред враќање на терените: Не очекувам ништо посебно!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека се враќа на терените и ќе игра во Австрија, каде што најпрво ќе има подготовки за да провери како ќе се чувствува.

Надал го одигра последниот меч на Австралијан опен минатата година, по што се повреди и мораше да направи операција на колкот.

„Се плашев да објавам одредени работи затоа што не сум се натпреварувал повеќе од една година и имав операција. Прво сакам да проверам како ќе се чувствувам на теренот. Од себе не очекувам ништо посебно“, кажа Надал.