
Надал по одлуката на судот: Не би сакал Ѓоковиќ да игра во Мелбурн, но...!
Тој искрено си го кажа своето мислење и го навлече гневот на сите реални спортски вљубеници во светот.
“Спортски гледано, повеќе сакав Новак да не игра на Австралија опен. Но, ќе ја почитувам одлуката на судот“, изјави Надал.
Последните информации велат дека на Шпанецот ќе му се исполни желбата да не игра против најдобриот во светот, со оглед на депортацијата на Ноле што се одвива во моментов без разлика на одлуката на судот да биде пуштен во Австралија.