Надал и Ѓоковиќ ги дели еден натпревар до епска пресметка во Монте Карло

Рафаел Надал без проблеми го доби својот прв меч на земјената подлога во Монте Карло. Шпанецот со 6-1 и 6-3 го совлада Словакот, Алијаз Бедене. 

Со оглед на фактот дека и Новак Ѓоковиќ го мина второто коло по триумфот во два сета против Брона Чориќ, сега овие двајца можат да се сретнат во четвртфиналето, но прво морааат да ја минат третата рунда.

Шпанецот прво мора да го победи Карен Качаланов, додека Србинот има многу потешка задача против Доминик Тим. Вообичаено навикнавме Надал и Ѓоковиќ да ги гледаме во големите финалиња на мастерсите и грен-слемовите, но поради падот на српскиот тенисер, сега не очекува нивна пресметка во четвртфиналето на првиот мастерс на земјена подлога во сезоната.