Надал и Андреску се повлекоа од турнирот во Синсинати

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал полесно од очекуваното ја одбрани титулата на мастерс тенискиот турнир во Монтреал, откако во финалето на Роџерс купот за нешто повеќе од еден час го совлада Русинот Данил Медведев со 6-3, 6-0. 

Меѓутоа, неколку часа по освојување на турнирот во Монтреал го откажа учеството на мастерс турнирот во Синсинати, а како причина за тоа го наведе заморот.

По стапките на Шпанецот тргна и канадската тенисерка Бјанка Андреску која исто така нема да учествуваат на турнирот во Синсинати. Освојувачката на трофејот на турнирот во Торонто, како причина ја наведе промената на распоредот на нејзините активности.

Инаку, турнирот во Синсинати, САД, веќе започна и ќе трае до 18 август.