Надал доби противник во финалето: Нишикори подобар од Зверев!

Кеи Нишикори се пласираше во финалето во Монако, каде што ќе се бори против Рафаел Надал, откако беше подобар од Александер Зверев.

Германецот добро го отвори натпревари и изгледаше дека ќе биде патник во финале, откако првиот сет го освои со 6-3, но потоа работите се сменија во корист на Нишикори.

Во вториот сет, Зверев изгуби дури три гема на свој сервис, па Нишикори го освои вториот сет со 3-6. Додека во последниот сет имаше голема борба, но повеќе концентрација во финишот имаше Нишикори, кој ја искористи првата брејк топка на противнички сервис во тој сет и победи со 4-6.