Надал: Ако денес почнуваше Ролан Гарос - немаше да играм!

Рафаел Надал вели дека иако од утре ќе го почне настапот на турнирот во Мадрид, тој не е 100 проценти подготвен за игра и таков не би настапил на Ролан Гарос.

Рафаел Надал денеска се појави на прес-конференција пред утрешниот настап на турнирот во Мадрид.

„Играњето во Мадрид за мене отсекогаш било нешто посебно, нешто многу убаво. Поддршката која ја добивам тука, тешко е да се каже дека ја добивам и на било кое друго место. Не Мислам дека сум 100 проценти подготвен, но подготвен сум да излезам утре и да играм. За мене е важно да играм за последен пат тука во Мадрид, тоа ми значи многу“, вели Надал.

„Не знам што ќе се случува во наредните недели, јас ќе ги правам работите кои треба да ги правам за да можам да играм на Ролан Гарос во Париз. И ако можам ќе играм, ако не можам нема да играм. Ако турнирот во Париз се играше денеска, немаше да играм. Не би играл таму ако чувствувам дека не сум доволно подготвен за да се натпреварувам. Ќе направам сѐ за да играм, но ќе видиме. Светот нема да заврши ако не играм во Париз, пред мене се и Олимписките игри“.