„На Ролан Гарос имаше епидемија на ковид-19, но никој не зборуваше за тоа“

Француската тенисерка Ализ Корне го коментираше откажувањето на Матео Беретини и Марин Чилиќ од Вимблдон поради ковид-19.

Французинката кажа дека имало позитивни тенисери и на Ролан Гарос, но никој не зборувал за тоа.

„Секогаш имаше тенисери кои се повлекуваа затоа што се болни. Не сакам да го потценам ковид-19. Пред неколку години се случија големи проблеми поради храна. Ковид-19 сега им стана навика на луѓето, постојат вакцини. На Ролан Гарос имаше епидемија на ковид, но никој не зборуваше за тоа“, вели Корне.