„На 17 години загубив во полуфинале на Вимблдон, па татко ми ме исфрли на улица“

Поранешната српска тенисерка Јелена Докиќ имала многу тешки моменти во животот и се бори со депресијата, а за тоа зборуваше во една емисија.

Докиќ раскажа дека нејзиниот татко Дамир почнал да ја тепа кога заиграла тенис, а ситуацијата станувала сè полоша како изминувале деновите.

„Кога почнав да играм тенис и го удрив првото топче, мојот татко ме истепа. Ситуацијата стануваше полоша секој ден. По полуфиналето на Вимблдон се расплакав и го слушав татко ми кој ме навредуваше дека сум била срам за семејството затоа што сум изгубила. Не ми беше дозволено да заминам во хотел, ми кажа да спијам на улица. Останав во просторот за тенисерки, каде што ме пронајдоа чистачките како спијам“ раскажува Докиќ.