„Мојот тим обезбеди нанотехнологија, тоа е тајната на мојот успех“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ даде ироничен коментар на прашањата за магнетот кој го користеше за време на натпреварот против Мартон Фучович во второто коло на Ролан Гарос.

Станува збор за магнет кој се лепи на телото за да го намали чувството на болка, но Ѓоковиќ реши да даде интересен одговор.

„Мојот тим ми обезбеди ефикасна нанотехнологија која ми помага да играм во најдобро светло. Тоа е најголемата тајна на мојот успех. Да не е така, не би седел сега тука“, кажа Ѓоковиќ.