
Мекинро го „испрати“ Ѓоковиќ во пензија: Времето му истекува!
Ѓоковиќ нема да биде меѓу фаворитите оваа година затоа што Јаник Синер и Карлос Алкараз играат во извонредна форма, а Србинот имаше лоши резултати во претходниот период.
Американецот го отпиша Ѓоковиќ од Ју-Ес Опен, но го „испрати“ и во пензија затоа што не верува дека Србинот повторно ќе блесне.
„Мислам дека на Ѓоковиќ му треба помош на Ју-Ес Опен. Прашањето е дали ќе се врати, дали ќе блесне? Јас се сомневам. Мислам дека тоа нема да се случи“, кажа Патрик.