Медведев се пожали поради видео-бим: Колку глупав треба да бидеш? Идиот! (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Данил Медведев, кој го брка првото место на Новак Ѓоковиќ на АТП-листата, има многу проблеми во четвртфиналето против Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, а во еден момент се пожали и поради видео-бим.

Медведев во четвртиот сет беше нервозен и се жалеше на судијата затоа што видео-бимот му го прикажал ликот на Оже-Алиасим во момент кога се обидувал да освои поен.

„Треба да бидеш многу глупав за на екран да емитуваш лик од Феликс додека се обидувам да освојам поен. Колку глупав треба да бидеш? Идиот“, кажа Медведев.