![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2025/02/06/247919-medvedev-po-shokantniot-poraz-vo-roterdam-ne-se-penzioniram-sakam-da-kjaram-ushte-pari.jpg?itok=zbm6GDNV)
Медведев по шокантниот пораз во Ротердам: Не се пензионирам, сакам да ќарам уште пари!
Рускиот тенисер, кој неодамна стана татко по втор пат, беше поразен од италијанскиот квалификант Матија Белучи со резултат 3-6, 7-6, 3-6. Ова е втор ран пораз за Медведев од почетокот на годината, по елиминацијата во вториот круг на Австралија Опен од американскиот тинејџер Лернер Тиен. Белучи, кој е 92-ри на АТП ранг-листата, оствари прва победа во кариерата против тенисер од Топ 10.
И покрај лошите резултати, Медведев демантираше гласини за можно пензионирање:
„Воопшто не размислувам за повлекување. Го сакам тенисот и сакам да заработам уште пари, така што сигурно ќе продолжам да играм. Можеби би се пензионирал ако испаднам од првите 100 на светот, но тоа веројатно нема да се случи. Прилично сум уверен дека можам повторно да играм како некогаш“, изјави Русинот.
Тој ги објасни причините за поразот во Ротердам.
„Овде не ми одговараа условите за игра. Премногу се бавни за да можам да ја диктирам играта. Бавни топки, бавни терени, но тоа не е ништо ново. Едноставно, немам доволно сила за да можам во таква ситуација да играм како што ми одговара“, дополни Медведеб.
Следниот противник на Белучи во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Стефанос Циципас и Талон Грикспор.