Медведев го преслуша кавгаџијата Циципас, лесен триумф и за Алкараз (ВИДЕО)

Данил Медведев се пласира во четврт-финалето на мастерсот во Шангај, откако денеска во два сета го совлада Стефанос Циципас со 7-6, 6-3.

Русинот со ова ја продолжи доминацијата во меѓусебните пресметки, со оглед што ова беше него трет триумф по ред против лутиот ривал, против кого сега има 10-4 во меѓусебните дуели. Грчкиот тенисер во текот на целиот меч имаше расправии со судијата Фергус Марфи. Тие најпрво влегоа во сериозна полемика на средината на четвртиот гем, кога Марфи го одзеде првиот сервис на Гркот за тајм-аут, а дуелот продолжи во паузата меѓу четвртиот и петтиот гем.

Циципас демонстративно седна на клупата и ја продолжува полемиката барајќи надзорник. Иако паузата беше закажана само по непарната игра, веднаш се појави супервизорот и успеа некако да го натера Циципас да се врати во игра по четири и пол минути принудна пауза. Видеата со инцидентот во Шангај може да ги погледнете ТУКА. Русинот во борбата за четвртфиналето ќе се сретне со првиот носител Јаник Синер.

Меѓу осумте најдобри се најде и Карлос Алкараз, кој ме проблеми го совлада ветеранот Гаел Монфис (6-4, 7-5). Негов следен ривал е победникот од пресметката помеѓу Американецот Томи Пол и Чехот Томаш Махач.