Медведев го елиминираше Надал и си закажа финале со Тим во Лондон

Данил Медведев е вториот финалист на завршниот турнир во Лондон, откако го совлада Рафаел Надал со 2-1 во сетови, односно 3-6, 7-6 и 6-3.

Надал прв се соочи со потешкотии на свој сервис, откако Медведев имаше три брејк топки, но не искористи ниту една од нив. Казната пристигна во осмиот гем, кога Шпанецот направи брејк за 5-3, а потоа сервираше сигурно за 6-3 во првиот сет.

Во вториот сет Медведев прв направи брејк (2-0), по што Надал се врати во игра (4-4), а потоа направи и брејк на сервисот на неговиот ривал за предност од 5-4 и можност да го освои сетот, сепак, Русинот се врати во игра и во тај-брејк го доби сетот со 7-4.

Медведев и на стартот на третиот сет имаше брејк топка, која не ја искористи, но затоа потоа направи два брејка на сервисот на Надал и го освои сетот со 6-3.

Рускиот тенисер си закажа финале со Доминик Тим, кој претходно го совлада Новак Ѓоковиќ.