Медведев дивееше во Мелбурн, па доби жестока казна! (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Данил Медведев е казнет со 124.000 долари поради неговото однесување на Австралијан опен.

Медведев ја скрши камерата, која беше поставена на мрежата, откако не можеше да се контролира во првото коло од турнирот, а со неговото бесно издание продолжи и во следниот меч.

Интересно е тоа што Русинот со неговите настапи во Мелбурн заработи 150.000 долари, но ќе мора да остави голем дел од парите поради казната.