Мареј во епски дуел го елиминира Вавринка

Енди Мареј во првото коло на Мастерсот во Синсинати беше подобар со 2-1 од Станислав Вавринка по епски меч кој траеше речиси три часа.

Мареј го доби првиот сет во тај-брејк со 7-3, по што делуваше дека и вториот сет ќе биде решен на идентичен начин, но Швајцарецот успеа да направи брејк и да стигне до 7-5.

Во третиот сет се водеше голема битка, по што Мареј направи брејк за 6-5, а потоа сервираше успешно за да запише победа на стартот на турнирот.

Мареј двапати во кариерата го освои Синсинати, а досега се соочи 22 пати против Вавринка и славеше 13 пати.