Мареј ќе се пензионира по Олимписките игри во Париз

Британскиот тенисер Енди Мареј најави дека ќе се пензионира, а тоа најверојатно ќе се случи по Олимписките игри (ОИ) во Париз, иако имаше шпекулации дека Вимблдон ќе му биде последен турнир во кариерата.

Мареј во интервју за „Би-би-си“ кажа дека нема шанси за настап на Ју-Ес Опен и Дејвис Купот, па реално би било да се повлече по ОИ во Париз.

Поранешниот најдобар тенисер во светот во кариерата двапати го освои Вимблдон, а се закити и со два златни медали на ОИ.