Крвникот на Надал продолжува да гази во Синсинатги – пак настрада Шпанец!

Хрватскиот тенисер Борба Чориќ, кој сензационално го елиминира Рафаел Надал на стартот од настерсот во Синсинати, продолжува со добрите игри на овој турнир, откако синоќа совлада уште еден Шпанец и тоа Роберт Баутиста-Агут (6-2, 6-3).

Тој во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Феликс Оже-Алијасим, кој по голема борба го совлада Јаник Синер со 2-1 во сетови (2-6, 7-6, 6-1). Меѓу осумте најдобри на последниот турнир пред „Ју-Ес опен“ се пласира и Карлос Алкараз, кој го совлада Марин Чилиќ со 7-6, 6-1. Шпанецот за пласман во полуфиналето ќе ги одмери силите со Камерон Нори, кој го декласира Бен Шелтон (6-0, 6-2).

Во четвртфиналето во Синсинати се пласира и грчкиот тенисер Стефанос Циципас и тоа со победата над Диего Шварцман (6-3, 6-3).