Компанијата во која Федерер вложи во 2019 година сега има приход од 2.4 милијарди евра

Eден од најдобрите тенисери во историјата Рожер Федерер во својата кариера од турнрите заработи повеќе од 120 милиони евра, а дел од парите кон крајот на 2019 години ги инвестираше во компанијата „Он Холдинг АГ“.

Станува збор за компанија која произведува спортска опрема и патики со седиште во Цирих и сега објави дека во 2024 година остварила приход од 2.42 милијарди евра.

Објавено е и дека во последните години акциите на компанијата пораснале за околу 41%.

Исто така очекувањата се растот на компанијата да продолжии и во првата половина од 2025 година. Инаку, компанијата е основана во 2010 година и најчесто се промовира преку познати личности.

Федерер долго време ја носеше нивната опрема, а во 2019 година се одлучи на дополнителна соработка и очигледно направи вистински потег.