Колинс закажа финале со Барти: Американката ја прегази Швјонтек

Американката Даниеле Роуз Колинс ќе игра против Ешли Барти во финалето на женскиот турнир на првиот годинешен гренслем Австралија опен, после победата на 30-то рангираната тенисерка против екс-шампионката на Роланд Гарос за 79 минути, Ига Швјонтек.

Колинс го обезбеди своето прво финале на гренслем-турнирите со троиумфот со 6-4, 6-1, одржувајќи ѝ лекција на Швјонтек, која беше фаворитка на хартија, но немаше решение за одличната Американка на второто денешно финале. Во првото, Барти за час и четири минути со само четири загубени гемови ја мина Медисок Кејс за финале, прво за една Австралијанка по 42 години на домашниот гренслем.

Дека Американката нема да ја пропушти шансата за финале најави од стартот на мечот со два брејка за водство од 3-0, па иако загуби потоа два последователни свои сервиси, Швјонтек тоа не го искористи зашто Колинс ѝ направи и трет брејк, за на крај по 40 минути борба во првиот сет да поведе во мечот.

Во вториот, приказната иста. Два брејка од стартот за 3-0, по што полската тенисерка практично се откажа, па до крајот освои само еден свој сервис, а на последниот го загуби и Колинс со бреј стави печат на своето прво финале.