Иванишевиќ откри кога се враќа Ѓоковиќ на терените: Нема да брзаме!

Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ ги откри плановите на најдобриот тенисер во светот, кој го освои Австралијан опен пред две недели, но притоа заработи незгодна повреда на стомакот.

Ѓоковиќ речиси сигурно ќе ја пропушти турнејата во Америка, иако неговиот тренер кажа дека Србинот би можел да заигра во Мајами.

„Постои можност да заигра во Мајами, но тоа зависи од состојбата на повредата. Нема потреба од брзање“, кажа Иванишевиќ.

Иванишевиќ, исто така, откри дека Србинот наскоро ќе има преглед, по што ќе биде познато кога ќе се врати на теренот.

„Прегледот е закажан за две недели, па ќе видиме што ќе се случи. Нема потреба од никаков ризик. Сакам да биде 100 проценти подготвен за сезоната на земја за да се обиде да ја нападне титулата на Ролан Гарос“, кажа Иванишевиќ.