
Хорор за Ѓоковиќ, се повреди на два дена пред почетокот на „Ролан Гарос“
Не само што не успеа да ја освои титулата и загуби од далеку полош рангиран тенисер од себеси, туку денеска доживеа, односно ја обнови повредата на раката која го мачеше и на почетокот од оваа сезона. Поради тоа, меѓу првиот и вториот сет мораше да му биде укажана лекарска помош и засега не е познато во каква ситуација се наоѓа повреденото место.
„Ролан Гарос“ почнува в недела, Ѓоковиќ во првото коло се среќава со Ербер од Франција, но уште не се знае точниот термин на натпреварот.