Хачанов за Ѓоковиќ: Новак е опседнат да биде најдобар во сè

Рускиот тенисер Карен Хачанов вели дека е инспириран од страна на Србинот Новак Ѓоковиќ кој има одлична сезона зад себе во која освои три гренслем-титули.

Хачанов кажа дека има простор за напредок, но би сакал да биде како Ѓоковиќ за кој кажа дека се бори да биде најдобар во сè.

„Имам уште за напредок. Кога би успеал да станам совршен во сè, тогаш ќе бидам како Ѓоковиќ. Тој е опседнат да биде најдобар во сите можни категории“, кажа Хачанов.