Голем пресврт: „Допингуваниот“ Синер може да остане без трофејот од Њујорк!

Без разлика што италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ денеска пренесе дека Светската антидопинг агенција (ВАДА) заедно со колегите од Италија (НАДА) одлучиле да не вложуваат жалба по одлуката на Меѓународната тениска агенција за интегритет за случајот на Јаник Синер, оваа информација набрзо беше демантирана.

Од ВАДА соопштуваат дека Синер се уште е под истрага и дека одлуката за неговата судбина не е донесена.

„Истрагата на ВАДА се уште е во тек и се уште нема никаква одлука за случајот поврзан со Синер. За рокот до кога треба да заврши процесот прочитајте во правилата“, се наведува во соопштението.

Доколку Синер добие казна за двата позитивни допинг-теста, тој ќе остане без титулите од Ју-Ес опен и од мастерсот во Мајами, но и без поените за полуфиналето на Индијан Велс и Монте Карло, но и за пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос и четвртфиналето на Вимблдон.