Ѓорческа сопрена во полуфиналето на силниот турнир во Португалија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да стигне до финалето на турнирот во Португалија кој се игра за награден фонд од 100.000 долати откако загуби од Французинката, Кристина Младеновиќ.

Ѓорческа во одлична форма го играше турнирот во Португалија, победуваше тенисерки подобро рангирани од неа, но денеска не можеше и преку Младеновиќ.

Французинката го доби мечот во два сета, првиот со 6-4, вториот со 7-5.

Пласманот во полуфиналето на овој турнир, на Ѓорческа ќе и донесе напредок на ВТА листата.