Ѓорческа реди победи во Белград - „падна“ и Хрватката Дражиќ

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжи да реди триумфи во Белград на Источно Европскиот шампионат, откако денеска ја совлада Мариана Дражиќ со 2-0 во сетови, односно 6-2 и 6-3.

Лина направи брејк уште во првиот гем, по што следеше нов во третиот гем за водство од 3-0. Дражиќ ја врати надежта откако го одзема сервисот на македонската тенисерка, но не успеа да направи изненадување и Ѓорческа го доби првиот сет со 6-2.

Речиси пресликан беше и вториот сет од дуелот, кога македонската тенисерка успеа да направи два брејка по ред за водство од 3-0, по што Дражиќ успеа да се врати за момент и намали на 3-5, но Ѓорческа го доби сетот со 6-3.

Ова беше шести триумф на седум натпревар на турнирот во Белград за македонската тенисерка.