Ѓорческа освои нови бодови и оствари огромен скок на ВТА-листата

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го освои трофејот во Трнава, Словачка, откако беше поразена од Софија Лансере од Русија со 2-6 и 3-6, но и покрај тоа забележа голем скок на ВТА-листата.

Ѓорческа пред почетокот на турнирот се наоѓаше на 403. позиција на ВТА-листата, но благодарение но новите бодови кои ги освои на турнирот во Трнава, таа напредуваше за дури 60 позиции, па сега се наоѓа на 343. место во сингл-конкуренција.

Да потсетиме, најдобар пласман Ѓорческа имаше на 12 јуни 2017 година, кога се наоѓаше на 170. позиција.