Ѓорческа остана без финале во двојки во Оточец

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го запиша и вториот пораз денеска во Оточец, откако во конкуренција на двојки, заедно со Деа Херџелаш беа поразени од Мариана Дражиќ и Емили Вебли-Смит.

Ѓорческа и нејзината колешка го загубија првиот сет со 3-6, но во вториот заиграа многу подобро и вратија со 6-4. Меѓутоа, тие немаа сила за целосен пресврт против вторите носителки на турнирот и загубија со 6-10.

Македонската тенисерка претходно беше поразена и во четвртфинале во сингл-конкуренција од првата носителка на турнирот Ирина Бара од Романија.