Ѓорческа одигра само четири гема и се пласира во четвртфинале во Грција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска одигра само четири гема против Деа Херџелаш, која реши да се повлече од натпреварот поради повреда.

Ѓорческа тргна фуриозно од самиот старт и направи два брејка, а тоа беше најава за крајот на Херџелаш која не успеа да фати ритам и притоа се соочи со болки поради кои мораше да ѝ го остапи патот кон четвртфинале на македонската тенисерка.

Македонката за полуфинале ќе се бори против подобрата од мечот меѓу Херман од Германија и Рочети од Италија.

Да потсетиме, најуспешната тенисерка од Македонија пред само четири дена го освои фјучрс-турнирот во Ираклион, Грција.