
Ѓоковиќ уште оваа недела ќе биде на број 1, па ќе му го отстапи местото на Надал
Србинот идната недела ќе има минус 1.600 бодови, бидејќи ќе му се избришат бодовите освоени лани на мастерсот во Париз и завршниот мастерс во Лондон. Ѓоковиќ моментално има 9.545 бодови, само 320 повеќе од второпласираниот Надал, па јасно е дека од следната недела ќе биде втор на листата.
Роџер Федерер е трет на листата со 6.950 бодови, следуваат Данил Медведев, Доминик Тим, а најдобрите 10 светски тенисери ги комплетираат Александер Зверев, Стефанос Циципас, Карен Хачанов, Матео Беретини и Роберто Баутиста Агут.