Ѓоковиќ остави порака на камерата за Коби и неговата ќерка (ФОТО+ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ по победата против Милош Раониќ доби прашање од Џон Мекинро за смртта на Коби Брајант, по што Србинот не можеше да ги запре солзите.

Пред мечот Србинот на тренерка ги носеше иницијалите и броевите на Коби од Лос Анџелес Лејкерс, а потоа во изјава потсети колку му бил добар пријател и идол.

Ѓоковиќ потоа тргна кон соблекувалната, па целосно заборави да се потпише на камерата, но откако се сети на тоа, Србинот зема маркер и ги напиша иницијалите на ѕвездата на Лејкерс и „Џиџи Ве сакам“.