Ѓоковиќ објави снимка од неговите први тениски чекори (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е еден од најдобрите тенисери во историјата, а сега на неговиот профил на Инстаграм објави емотивно видео на кое се гледа моментот кога го добил првиот тениски рекет и ги направил првите тениски чекори.

Ѓоковиќ бил пресреќен кога го добил првиот тениски рекет во јуни 1991 година, кој не го испуштал од раце, а тоа денеска го претвори во одлични настапи и големи успеси.

„Добро е да се вратиме на почетокот... Да се потсетиме како почна. Бев многу среќен кога го добив првиот тениски рекет, погледнете ми го лицето“, напиша Ѓоковиќ.