Ѓоковиќ нема да оди во притвор, за депортација ќе решава Федералниот суд!

Новак Ѓоковиќ нема да заврши во притвор, и покрај барањето на адвокатот на австралиската Влада, а судијата Ентони Кели реши случајот да го префрли на Федералниот суд.

Судијата Кели по кратката пауза ги извести адвокатите на двете страни дека случајот ќе биде префрлен на Федералниот суд во Австралија.

Вечерва околу 22 часот Ѓоковиќ треба да има состанок со властите, а дотогаш ќе остане на слобода и нема да биде вратен во притвор, каде што беше пред да му биде вратена визата за првпат.

„Полицајците кои ќе го пренесат Ѓоковиќ до канцелариите во кои ќе се изврши разговорот, ќе се однесуваат како кон лице кое е во притвор“, соопштија од судот.

Во меѓувреме нема никакви промени на Австралијан опен, односно Ѓоковиќ сè уште е прв носител на турнирот.