Ѓоковиќ: Не ме интересираат Надал и Алкараз – нема да го гледам нивниот меч!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, откри дека нема да го гледа мечот на Рафаел Надал и Карлос Алкараз во двојки на Олимписките игри во Париз, без разлика што во следното коло на олимпискиот турнир ќе ги одмери силите против големиот ривал Рафа.

Србинот во првото коло на Олимписките игри против Австралиецот Метју Ебден со убедливи 6-0, 6-1.

„Нема да ги гледам Алкараз и Надал во двојки, немам никаков интерес за тоа, ќе уживам со децата, ќе се одморам и ќе се подготвувам за следниот. В недела ќе го гледам Надал во сингл“, изјави Ѓоковиќ.

Тој беше прашан и што ќе гледа ако Надал игра во ист термин со кошаркарите на Србија против САД (недела од 17.15 часот).

„Тогаш ќе ги гледам кошаркарите, тие ми се поважни“, дециден беше популарниот Ноле.

За да дојде до пресметка со Ѓоковиќ, Шпанецот Надал ќе мора утре да го совлада Мартон Фучовиќ.