Ѓоковиќ не крие: Рекордот на Џими Конорс е негова голема желба

Новак Ѓоковиќ вчера се пласираше во осминафиналето на турнирот во Мајами до каде што дојде без изгубен сет, а по мечот српскиот откри кој рекорд е негова голема желба.

Имено, Ѓоковиќ не крие дека посакува да го стигне легендарниот Џими Конорс кој во кариерата освои 109 АТП титули.

Новак во овој момент е на 99 и го делат 11, а ако се знае дека во минатата година освои само една ваква титулата (олимпиското злато не се брои) јасно е дека е прилично далеку. Сепак, тој не губи надеж.

„Би била голема работа ако успеам да го срушам тој рекорд. Конорс е некој кого го почитувам и на кого му се восхитувам. Тој секогаш јавно ме поддржувал и затоа сум му многу благодарен. Навистина би било феноменално“, изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ признава дека нема да му биде лесно.

„Веројатно ссега ми е потешко да дојдам до тоа од пред неколку години. Одам чекор по чекор. Всушност не знам ниту уште колку долго ќе играм“, истакна српскиот тенисер.