Ѓоковиќ без изгубен сет до осминафинале во Мајами!

Новак Ѓоковиќ се пласираше во уште еден меч без изгубен сет со победа од 2-0 над Уго Карбели од Аргентина се пласираше во осминафиналето на турнирот во Мајами.

Ѓоковиќ добро го започна турнирот во Мајами, а денеска посебно беше импресивен во првиот сет каде што на Аргентинецот му дозволи само еден гем.

Тенисерот кој е 65-ти на АТП листата прикажа подобра игра во вториот сет, но сепак Ѓоковиќ преку тај-брејкот обезбеди место во следната фаза.