Ѓоковиќ на саркастичен начин го објасни инцидентот со навивачот (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ имаше интересна конфренција за медиумите по триумфот против Микаел Имер со 3-0 во првото коло на Ролан Гарос.

Едно од прашањата беше за инцидентот со навивачите, кој му дофрли нешто на Ноле, а тој му одговори со бакнеж.

„Тоа ми е пријател од детството, му испратив бакнеж кога го освоив гемот. Беше многу убаво што го видов“, се пошегува Ѓоковиќ.