Ѓоковиќ ја почна 427. недела на првото место, ама неговиот трон се тресе

Вчера во Париз почна новото издание на „Ролан Гарос“ кое може да донесе големи промени во редоследот на АТП листата.

Од фаворитите, на првиот ден играше само Карлос Алкараз, денеска излегува карлос Синер, а утре Новак Ѓоковиќ. Србинот ја почна 427.недела на првото место на АТП листата, но ова може да биде последно рангирање на кое тој е првопласиран бидејќи следното излегува за две недели, а тој во Париз ја брани титулата, па Јаник Синер со добар пласман или трофеј, сигурно ќе го тргне од тронот.

Ако Италијанецот, кој игра фантстично оваа сезона, триумфира на „Ролан Гарос“, сигурно ќе дојде до промена на лидерската позиција, но до тоа може да се стигне и со рана елиминација на Ѓоковиќ кој половина година е без трофеј на АТП турнирите и игра можеби најлош тенис во својата кариера.