Ѓоковиќ искрено за крахот на Ју-Ес опен: Во Њујорк настапив само поради една причина!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, синоќа беше гостин во емисијата „Патот на шампионите“ на српската национална телевизија (РТС) каде што проговори на голем број интересни теми.

Една од нив беше неодамна завршениот Ју-Ес опен, каде што тој доживеа крах и елиминација уште во третото коло по поразот од Алекс Попирин.

„Во Њујорк настапив само зашто е гренслем-турнир, иако знаев дека тоа не сум јас. Чувствував поголем притисок пред секој натпревар отколку на Олимписките игри. Тенисот е индивидуален спорт, немаме на кого да се потпреме. Сами сме на теренот, во тоа е шармот и убавината на спортот, но ако имате лош ден и немате решение, сте изгубиле. Тоа е меч со две острици. Олимписките игри ми беа најважни, бидејќи тенисот не е класичен олимписки спорт како пливањето и сличните спортови“, изјави Ѓоковиќ.