Ѓоковиќ го имитираше Иванишевиќ и ги насмеа навивачите во Париз (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го имаше првиот тренинг во Париз пред стартот на Ролан Гарос, а притоа направи шоу и ги насмеа навивачите кои беа присутни на трибините.

Ѓоковиќ за време на тренингот го имитираше неговиот тренер Горан Иванишевиќ и така ја насмеа публиката, а воедно покажа дека е добро расположен пред турнирот на кој ќе ја брка 23. гренслем-титула во кариерата.